Брегалница – Лабуништа 1:0 по првите 90 минути од 1/4 финалето од Купот на Македонија. Стрелец на голот беше Мартин Стојанов во вториот дел. Откако доби една добра топка, излезе сам пред голот, и рутинирано погоди во мрежата.

Натпреварот беше тврди, и до единствениот гол речиси ниту едните ниту другите немаа сериозни шанси. После голот јалови напади на Лабуништа, додека Брегалница имаше уште една прилика за поубедлив триумф, но не ја искористи.

Натпреварот се одигра во вечерен термин под рефлектори во Штип.