Додик: Република Српска нема да даде согласност за НАТО

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Додик: Република Српска нема да даде согласност за НАТО

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека во БиХ нема консензус за членство во НАТО и нагласи дека Република Српска останува на ставот за воена неутралност.

„Ние во Република Српска не можеме да дадеме согласност за членство во тој воен сојуз, пред сè, поради бомбардирањето со осиромашен ураниум чии страшни последици ќе ги чувствуваат не само сегашните генерации, туку и многу после нив“, истакна Додик на средбата со словенечките парламентарци во Љубљана.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата