Села: Ратификувањето на протоколот за НАТО да се одржи на 11 декември

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Села: Ратификувањето на протоколот за НАТО да се одржи на 11 декември

Ратификувањето на протоколот за членство во НАТО да се одржи на пленарната сесија на 11 декември, за да истиот не се искористи како причина за одложување на предвремените парламентарни избори, побара на денешната прес конференција, лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села.

„Денес е време да поднесеме барање до владата и до сите политички партии дека поддржувањето на ваква иницијатива нема да биде прв пат. Затоа што има преседани. Исто така, имало слични случаи кога не гласале сите земји, како што е случајот со Црна Гора, кога собранието гласаше за протоколот пред истото да се случи од сите земји членки на НАТО, така што доволна причина за нас да гласаме“, рече Села.

Тој, меѓу другото, истакна дека покрај случајот со Црна Гора, имаме и внатрешен преседан, спомнувајќи го случајот со ратификувањето на Преспанскиот договор, пред истиот да биде ратификуван во Грција. Села исто така истакна дека овој момент не треба да се искористи како причина за одложување на изборите и затоа ги повика сите политички партии да ја поддржат ваквата иницијатива.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата