Апелација ЈА ОТФРЛИ ЖАЛБАТА за притворот на Боки 13

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Апелација ЈА ОТФРЛИ ЖАЛБАТА за притворот на Боки 13

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли како недозволена жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.

-Апелациониот суд Скопје на ден 04.12.2019 година, постапувајќи по жалбата на обвинетиот Бојан Јовановски изјавена преку бранителот адвокат Сашко Дукоски од Скопје, против решението на првостепениот суд од 20.11.2019 година, со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и замена на истата со други поблаги мерки за обезбедување присуство на обвинетиот Бојан Јовановски во текот на постапката, по разгледувње на списите во предметот одлучи изјавената жалба да ја отфрли како недозволена, согласно одредбата од чл.172 став 2 точка 5 од Законот за кривична постапка во врска со став 1 од истиот член од Законот, согласно која против решението на Советот со кое се одбива предлогот за определување или укинување на притворот не е дозволена посебна жалба, се вели во соопштението од Апелациониот суд.

Од Апелациониот суд информираат дека образложението на причините за ваквата одлука дополнително ќе бидат објавени.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата