По очајниот старт на Светското првенство за жени во Јапонија, Франција успеја да се врати во игра и со втората победа во групната фаза, денеска, над Германија 27:25 (14:12) да обезбеди пласман во продолжението.

Во мечот кој беше од „животно“ значење за „триколорите“ на Мундијалот, Амандин Лејно и нејзините колешки влегоа сигурно и имаа константна резултатска предност (4:1, 8:4, 10:6), а на полувремето заминаа со 14:12 предност.

Германија притисна во вториот дел и во последната минута од мечот Франција влезе со гол предност 26:25, но Пино одигра одлично во одбраната, украде топка на Германките, а потоа и и донесе победа на својата екипа.

Екс-вардарката постигна само два гола меѓу кој и оној што ја запечати победата, додека Лејно блескаше на голот со 13 интервенции.

Франција во последното коло од групата Б се соочува со Данска против која ќе бара шанса за подобар пласман во пресрет на следната фаза.

Унгарија со 30:20 (17:9) го совлада Сенегал во групата Ц и го искористи поразот на Романија од Црна Гора за со подобар поен количник да дојде до третото место кое води понатаму.