Почна НАЈКРВАВИОТ ФЕСТИВАЛ - брутално жртвување на стотици илјади животни (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почна НАЈКРВАВИОТ ФЕСТИВАЛ - брутално жртвување на стотици илјади животни (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во Непал почна забранетото жртвување на илјадници животни , од биволи до кокошки , кои се убиваат со удари, поради што манифестацијата е наречена ,,најкрвав фестивал на светот“.

Пред пред помалку од пет години, организациите за заштита на животните ја објавија веста за забрана за жртвување на животни на непалски верски фестивал, познат како „најкрвавиот фестивал во светот“.

Но, денес, во таа земја започна фестивалот Гадихаи, а учесниците веќе почнаа да жртвуваат кози, стаорци, кокошки, свињи и гулаби. Според активистите за правата на животните, кои отпатувале на оддалечениот регион во Непал токму заради овој фестивал, по тоа беа убиени и неколку илјади биволи.

 

 

Иако фестивалот Гадихаи се уште се одржува, ритуалното жртвување на животните е забрането уште од 2015 година, пренесува Би-Би-Си.

За време на последниот фестивал на кој беше дозволено жртвувањето во 2014 година, загинаа околу 200 000 животни.

Оваа непалска фестивалска традиција е стара околу 250 години и, наводно, започнала од еден свештеник, кому на сон му дошла Гадихаи, хинду-божицата на моќта и му кажала дека доколку се истури крв ќе го ослободи.

Со оваа идеја, стотици илјади верници од Индија и Непал патуваат во нејзиниот храм за да ја искористат можноста.

 

 

"Имав четири сестри. Пред осум години побарав брат и божицата нè благослови ", рече Пријанка Јадав од Јанакпур.

Сепак, активистите за правата на животните тврдат дека таквата традиција е крајно сурова кон животните.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата