(Видео) Даниел Крег последен пат го глуми Џејмс Бонд

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Даниел Крег последен пат го глуми Џејмс Бонд

Британскиот актер Даниел Крег (51) откри дека неговата улога во „Бонд 25: Не е време да се умре“ е исто така последна во серијалот за најпознатиот таен агент во светот. Објавено е прво видео за трејлерот, кој се очекува да излезе оваа недела.

Лицето на негативецот, кој го игра Рами Малек (38), е скриено со маска зад заматено стакло. Официјалниот трејлер треба да биде објавен в среда, а филмот ќе се појави во кината на 3 април в година.

Со овој филм Даниел Крег му ја презеде титулата на Роџер Мур за најдолговечен Џејмс Бонд. Иако своето повлекување го навестуваше и порано, Крег неодамна и официјално објави дека е готово со таа улога и дека му ја препушта на некој помлад.

„Можеби е тешко за многумина да веруваат, но ми се допаѓа фактот дека сум Џејмс Бонд. Тој е еден од најтешките, најпредизвикувачки, но и најубави проекти за кои сум приврзан. Треба да се вложи многу енергија во оваа улога, а јас станувам сè постар и поради тоа ми е малку незгодно“, рече Даниел.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата