Џулија Робертс во црн комбинезон од Армани на доделувањето на Британските модни награди

4.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Џулија Робертс во црн комбинезон од Армани на доделувањето на Британските модни награди

„Џорџо Армани и Џулија Робертс се секогаш совршена двојка“, коментираше долгогодишната стилистка на актерката, Елизабет Стјуарт, за модната библија „Вог“, сеќавајќи се на нејзиното издание во костумот од Армани од 1990 година на доделувањето на наградите „Златен глобус“ и кога истата година на оскаровскиот црвен килим заблеска во сив фустан од Армани со набори на половината.

Речиси три децении подоцна, Џорџо Армани никогаш не заборави на Џулија – со текот на годините постојано креираше и ѝ позајмуваше свои специјални облеки за црвениот килим.

Црниот кадифен комбинезон, креиран токму за неа по повод новото издание на Британските модни награди е, според зборовите на стилистката на Џулија, Елизабет Стјуарт, симбол на „недопрената, совршена едноставност што господин Армани и Џулија ја носат толку добро“.

„Секогаш ми е многу удобно во Армани и тоа влијае да се чувствувам самоуверено. Дури и неговите високи потпетици се пријатни. Претпоставувам дека тоа го прави не само прекрасен дизајнер, туку и волшебник “, рече Џулија за славниот италијански дизајнер, кој во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ ја доби годинашната награда за животно дело.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата