Вардар со многу проблеми и непрепознатлив лик во одбраната особено во првото полувреме дојде до победа над Војводина, по пресвртот во последните 15-тина минути во Нови Сад.

Кружниот напаѓач на Вардар, откри дека договорот на полувремето донел промена во дефанзивната линија.

„Игравме многу лошо во одбраната што беше очигледно според головите кои ги примивме. На полувреме се договоривме да ја кренеме дефанзивата и да играме поагресивно и со тоа го свртевме натпреварот во наша корист“, откри Домен Сикошек Пелко.

И стратегот Едуард Кокшаров е свесен за тежината и лошото издание во мечот, но му недостасуваа многу ракометари.

„Не игравме добро, особено во првото полувреме. Војводина е добар тим и константно напредуваше, па поради тоа моравме многу да трчаме. Ова беше натпревар со висок ритам. Ние игравме без многу играчи, но среќен сум што победивме и што многу момци кои немаат минутажа добија шанса на овој натпревар“, изјави тренерот Кокшаров.