Левото крило на европскиот првак Вардар, Тимур Дибиров, заедно со Павел Атман и Сташ Скубе беа главните играчи во триумфот со кам-бек на „црвено-црните“ против Војводина во Нови Сад.

Дибиров „леташе“ и со 11 погодоци беше човекот на мечот, а крилото имаше и неколку украдени топки и и ја даде потребната цврстина на одбраната во вториот дел, кога и Вардар дојде до пресвртот и победата.

Трите бода од дуелот со Војводина значеа и пласман на Вардар во четвртфиналето од регионалното натпреварување на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната.