Македонската ракометна репрезентација во рамките на подготовките за настап на Европското првенство 2020 година ја чека богата програма. Селекторот Данило Брестовац се одлучи за еден поинаков метод, поголем број на пријателски натпревари, помалку тренинзи, краток престој на нашите момци во главниот град, како и комплетирање на националниот тим дури на втори јануари.

Целта на предводник на репрезентацијата е проверка на оние ракометари кои немаат доволна минутажа во своите клубови, како и влегување на истите во натпреварувачки ритам пред стартот на континенталното натпреварување.

Најново е две пријателски средби со Кувајт во Белград, кои се закажани пред заминување на Македонија во Романија каде ќе биде учесник на „Трофеј Карпати“. Таму силите ќе ги одмериме со домаќинот, Србија и Алжир.

Македонија на ЕП е во група со домаќиниот Австрија, Чешка и Украина, селекција против која го отвараме шампионатот.