На прашањето дали се чувствува виновен, обвинетиот Зоран Милевски рече дека ја признава вината и дека е свесен за последиците од признанието на вина.
Судијката Васка Николовска Масевска го раздвои предметот за Милевски и даде пауза.
Катица Јанева на прашањето дали чувствува вина, категорично изјави: „Ни тронка не се чувствувам виновна“, рече Јанева.
На Бојан Јовановски, пак, судијката му кажа дека доколку не се чувствува добро може да седи на столчето, на што Боки одговори:
- Ако може да стои обвинителката Катица, можам и јас ако треба до последната капка крв, рече Боки 13, откако претходно се жалеше дека наводно му е лошо.