(Видео) Mеланија Трамп покажа како ја украсила Белата куќа за Божик

3.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Mеланија Трамп покажа како ја украсила Белата куќа за Божик

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, во специјално видео откри како го замислила годинашното украсување на Белата куќа. Нејзината ланска декорација, која се засноваше на црвени новогодишни елки, доби многу критики и многумина оценија дека се без вкус и претерана. За годинашната декорација, таа одбра патриотска тема и сакаше да му покаже на светот како изгледа „Духот на Америка“.

За Меланија, американскиот дух во божикно руво го доловуваат бели украси со мотив на sвезди и линии, претставени на американското знаме. Просторот е украсен и со преголем адвентски календар во мотив на Белата куќа, бели цвеќиња и вештачки снег.

Уште во јули госпоѓа Трамп откри на „Твитер“ дека започнала со плановите за божикно украсување на Белата куќа, а минатата недела ја дочека големата елка од Пенсилванија, која зазема централна позиција во Сината соба.

Првата дама не беше сама во украсувањето на куќата, туку ѝ помогнаа низа волонтери чии фотографии со задоволство ги објави на својот официјален профил на Инстаграм. Меланија е исклучително горда на годинaшното издание на куќата, а во официјалниот пост на Твитер, таа со видеото напиша: „Духот на Америка блеска во Белата куќа! Задоволна сум што можам да го споделам овој прекрасна експонат на патриотизам за сите да го видат и воодушевена сум што секој ќе може да ја доживее убавината на Божик“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата