На спектакуларна свеченост кај нашиот северен сосед, македонскиот автомобилист Ристо Вуков Рико и официјално ја доби наградата за титулата освоена минатата сезона, во Отвореното првенство на Србија.
„Ова беше своевидно остварување на сонот, да триумфирам во националната класа од која излегле многу големи возачи од регионов. Сега, мислите ми се насочени кон Порше Карера ГТ3 Куп, за сезоната 2020“, изјави Вуков.
„Возбудата расте, едвај чекам да седнам во поршето и да видам до каде ми се можностите во тој тркачки свет. Мислам дека нема да ја разочарам довербата на моите спонзори и симпатизери, очекувам достојно де ја претставувам Македонија“, додаде Вуков.