Френсико Жустович стана сензација на кошарката во Аргентина, а има само 13 години! Овој млад талент на Пењарол, екипа во која се формираше и играч како Факундо Кампацо, беше апсолутно доминантен на турнир за играчи до 13 години кој се одржа во оваа јужноамериканска земја.

Имено во финалето на турнирот межу Пењарол и екипата на Боливар, младиот Жустович постигна 78 поени иако неговиот тим на крајот го загуби мечот со 113-112. Регулативите во овие категории велат дека секој играч може да игра само две четвртини на секој натпревар, па Жустович ги постигна тие 78 коша за само 20 минути игра. Во првиот период постигна 27 од 28 поени за својот тим додека во последната четвртина постигна 51 погодок и за малку ќе му донесеше победа на Пењарол.

Според податоците на „Ла Капитал“, играчот е висок 183 сантиметри и уште од сега се најавува како новата ѕвезда на аргентинската, па и на светската кошарка.