Дуелот на Јапонката Наоми Осаки со Бјанка Андреску од Канада во четвртфиналето на турнирот во Пекинг е прогласен за најдобар натпревр во женска конкуренција во тековната 2019 година, според ВТА.

Јапонката го доби дуелот со 5:7, 6:3, 6:4, а на крајот и ја освои титулата на турнирот по победата над Австралијката, Ешли Барти.

Во листата на 5 најдобри дуели во ВТА за оваа сезона се најдоа:

  1. Наоми Осака (Јапонија) – Бјанка Андреску (Канада). ВТА Пекинг
  2. Арина Соболенко (Белорусија) – Каролина Возниацки (Данска). ВТА Истбурн
  3. Белинда Бенчиќ (Швајцарија) – Наоми Осака (Јапонија). ВТА Мадрид
  4. Ешли Барти (Австралија) – Петра Квитова (Чешка). ВТА Мајами
  5. Симоне Халеп (Романија) – Бјанка Андреску (Канада). ВТА Шенжен.