Пендаровски најави БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

1.12.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пендаровски најави БУГАРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Бугарија не извлече од тоталната изолација. Никола Груевски ја воспостави најтемната антибугарска пропаганда на поранешна Југославија. Историски парадокс беше наследникот на ВМРО да се чувствува поблизок до Белград отколку со Софија. Недостатокот на патна инфраструктура помеѓу Софија и Скопје не спречува да излеземе од оваа магла и да ги реализираме и разбереме историските факти. Во Скопје имате десетици српски медиуми и нула бугарски. Не сакам да слушнам за било каква четврта Југославија. Во оваа фаза, „малиот Шенген“ е во структурна беспомошност.

Ова се само дел од пораките на претседателот Стево Пендаровски во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

– Јас бев неодамна во Белград во официјална посета на Србија и на прес-конференција ги кажав моите лични резерви кон „Мини шенген“. Меѓутоа, тие најмногу лежат во делот на евроинтеграциите за нас. Првпат „Мини шенген“ беше објавено во Нови Сад, некаде околу 11-12 октомври, само неколку дена пред многу негативната одлука на францускиот претседател Емануел Макрон и во суштина на целиот Европски совет за нас да не ни дозволат отворање на преговорите. На прес-конференција на 18 октомври на која ја образложи својата одлука рече „тоа се наши соседи“, но во институционална смисла ние не сме соседи.

Соседи на ЕУ се „Источното партнерство“, како Молдова и земјите од Северна Африка. Ние сме дел од Европа и треба еден ден по исполнување на критериуми да бидеме полноправна членка на таа Европа. И кога го видов првичниот предлог за „Мини шенген“ кој вели дека во основата се тие т.н. четири слободи кои се и во идејата на ЕУ, меѓутоа и се четирите основни елементи на „Европската економска зона“, јас реков ако е ова компензација за членство, ако е ова компензација јас ќе речам – не, благодарам за таа иницијатива. 

И тука сите политички лидери се согласија, вклучително и премиерот Заев кој беше потписник и учесник на правата средба, подоцна организатор на втората во Охрид, дека ние не го прифаќаме „Мини шенген“ ако е компензација или алтернатива за членство. „Мини шенген“ има структурни слабости и не треба да биде нова Југославија, вели Пендаровски во интервјуто што го пренесуваме во целост.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата