„Но Пасаран“ ги продолжува протестите против Топлификација на нова локација

22.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Но Пасаран“ ги продолжува протестите против Топлификација на нова локација

„Но Пасаран“ ги продолжува протестите на исклучените граѓани од Топлификација на нова локација и нов термин, пред новото седиште на РКЕ на улица Македонија, карши хотел Бристол секој петок од 11 до 12 часот.

„Во услови кога над пет илјади семејства сеуште не се ослободени од плаќање на рекет на БЕГ, се уште се водат постоечки и отвораат нови судски постапки против исклучените, правилата за снабдување на РКЕ во делот за слободен избор на греење се влошени, власта опростува милионски долг за неплатен данок за да не му згасне бизнисот до продажба на струја на вицепремиерот,РКЕ не си ја исправи грешката за незаконски доделените лиценци на БЕГ и ГЕС е одбиен да го превземе парно дистрибуцијата и снабдувањето иако ги исполнувасите услови, судскиот криминал се засилува“, велат организаторите.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата