Македонија со Косово, во рамките на полуфиналето од баражот за пласман на ЕП, ќе игра на 26 март во Скопје. Значи остануваат уште четири месеци, сепак полека но сигурно се загрева атмосферата, уште отсега се мерат силите, се покажуваат мускули, посебно од косовска страна. Па така претседателот на Фудбалската федерација на Косово Агим Адеми, изјави дека Македонија не треба да се потцени, но дека неговата селекција имала похомоген тим, демек подобар.

За разлика од него, како што велат нашите информации, селекторот на Косово Бернард Шаландес, кој исто беше на Арената на мечот Македонија – Израел, не бил толкав оптимист по тоа што го видел. Посебно воодушевен бил од Елиф Елмас, од нашиот Дијамант. Постојано го повторувал неговото име  и побарал од своите најблиски соработници да изработат посебна студија за  Елмас, буквално се што може да се најде за него како информација.

Исто така напоменал дека Македонија со Адеми, Алиоски,Спировски, Бејтулаи, Тричковски, Трајковски, Радески и останатите кои не играа со Израел, ќе биде многу, многу посилна. Едноставно Шаландес со главоболки си заминал од Арената во Скопје. Веројатно знаејќи дека до 26 март поради Елмас ќе има несоница.