Qualcomm тврди дека до 2021 година ќе бидат испорачани 450 милиони 5G смартфони

22.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Qualcomm тврди дека до 2021 година ќе бидат испорачани 450 милиони 5G смартфони

Компанијата Qualcomm предвидува дека до 2021 година ширум светот ќе бидат испорачани 450 милиони 5G смартфони, па додаде дека тој број може да се покачи на 750 милиони 5G телефони во 2020 година.

И додека во светот се протестира против имплементирањето на 5G технологијата, американската технолошка компанија предвиде дека 200 милиони 5G телефони ќе бидат испорачани во 2020 година.

Развојот на 5G технологијата го предвиде и Wall Street банката Goldman Sachs. Банкарските аналитичари тврдат дека Huawei ќе оствари значајна корист во овој развој. Кинезите најавија дека прават планови за подготовка за развој на 6G технологија.

Во споредба со новите предвидувања, може да забележиме дека растот на уредите кои ја поддржуваат 5G мрежата за период од само две години може да се искачи на 125 проценти.

Засега изборот на 5G смартфони е лимитиран. Безжичните мрежи треба да се надоградат пред 5G да биде стандардна норма. Дури и да се испорачаат повеќе уреди во наредните години, ќе помине време пред 5G технологијата да започне да се користи.

Извор: Klix.ba

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата