Крилниот напаѓач на Реал Мадрид Лукас Васкез ќе паузира подолго време од предвиденото откако повторно се повреди. Шпанецот беше надвор од терените поради повреда на бутниот мускул поради што одигра само три меча оваа сезона. Туку што се очекуваше дека се враќа повторно се повреди. Овојпат на бизарен начин. Васкез кревал тегови во вежбална и еден му паднал на ногата и му го скршил прстот. Поради тоа го чека нова пауза од 1 до 2 месеци.