По неуспехот да стане преговарач за влез во ЕУ, Бојан Маричиќ мора да ја преземе улогата на мегафон на измамникот Заев за ширење лажни вести. ЕУ ја прочита корумпираноста и неспособноста на Зоран Заев и неговиот тим затоа сега Маричиќ мора да се сврти кон лажењето.
Зоран Заев потроши три години од животот на граѓаните, распродавајќи ги државните и национални интереси за на крај да добие силен шамар од ЕУ. Заев лажеше дека проблемот кој Грција го има е единствената пречка за добивање на датум, но реалноста го демантираше и целата јавност се увери дека ЕУ не сака да преговара со криминалци. Криминалот, корупцијата и рекетот не се и неможат да бидат европска вредност. Со Заев на чело на државата Македонија е пример за криминал, корупција и рекет. Заев сака да остане на власт за да го продолжи криминалниот начин на владеење. Затоа се сите лажни вести и манипулации. Залудно е колку и да се труди СДСМ да ја лаже јавноста. Никој повеќе не им верува. Во тоа ќе се уверат и самите кога а 12 април ќе ги изгубат изборите, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.