Мицевски: Власта убедува, а нема кворум во собранието за да си ги гласа законите

21.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицевски: Власта убедува, а нема кворум во собранието за да си ги гласа законите

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, од собраниската говорница денеска констатираше дека власта нема мнозинство за да го изгласа законов за гаранција на Република Македонија по основ на договорот за заем со кинеската банка.

- Поради лажните вести коишто дружината на Роберт Поповски и Марјан Забрчанец и останатите ги продуцираат во овој изминат период, сакам да констатирам дека доколку не се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во салата власта не може да си гласа ни законите за коишто е убедува. Така големите помпезни фалби дека сакате да го завршите овој автопат укажуваат на тоа дека немате мнозинство самите да го изгласате иако за други работи го имате, ние ќе го подржиме ова законско решение, но стојат забелешките и во однос на Анекс договорот и за клучките, и дополнителните работи коишто се случуваат на оваа делница, вели Мицевски.

Пратеникот во два наврати констатираше за да и биде јасно на македонската јавност дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го прават кворумот за да се изгласа законот за гаранција за заемот за оваа автопатска делница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата