Традиционалната манифестација „Маж на годината“ ги објави резултатите од изборот за текобвната 2019-та. Според гласовите на социјалните мрежи, годинава титулата оди во рацете на капитенот на европскиот ракометен шампион Вардар, Стојанче Стоилов.

Признанието нашиот репрезентативен пикер ќе го добие на свеченоста која треба да биде организирана следната среда во хотелот „Дабл Три бај Хилтон“ во Скопје.