Позната личност „спроведена“ со качулка на глава: Секоја сличност е случајна… само, споредбата е намерна! (ФОТО)

21.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Позната личност „спроведена“ со качулка на глава: Секоја сличност е случајна… само, споредбата е намерна! (ФОТО)

Ова стана навика… Море каква навика, пракса стана… Да спроведуваат мистериозни ликови, или поточно познати лица, на кои лицето не им се гледа.  Да не може човаек да ги идентификува. „Забулени“ од глава до петици, покриени од глуждови до лисици!

По неа, ете го и него. Судено му било да го „спроведат“ директно таму каде што треба. А сите го знаат како голем Македонец! Патриот… И тоа уште од дете, кога како партизнаско курирче го „поткопуваше“ фашистичкиот окупатор! Херој на нашето време тогаш, а Бога ми и денес!  Зашто и денес ликот му таков, патриотски… Ликот што го толкува, де… Овој најновиот во најгледаната домашна ТВ серија во последно време или што би рекле по странски: „ТВ ситком“ !

Епа токму него, бате Миле Бузалевски… од „Преспав“. Го фатија и го „спроведоа“ директно на снимање. И тоа никој да не го препознае, иако со гордо крената глава, сепак со качулка преку неа го пикнаа во студиото, божем е државен непријател број еден, арамија и рекетар, како некои… А не е, ама…

Ама затоа пак, ниту тој  не остана имун на „политичко-судскиот циркуз“ што ни се случува, па Игор Џамбазов реши да се солидазира со народот, на себесвојтвен и оригинален начин. Колку да покаже дека срамот ништо не ќе може да го скрие и покрие, па симболиката на „криминалот и лажниот морал“ ја сподели преку фотографија на својот Инстаграм профил.

Притоа, секоја сличност е случајна… Само споредбата е… намерна!

 

извор: vistina.com.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата