Републиканецот Балдерсон нов член на Групата пријатели на Македонија во Конгресот на САД

21.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Републиканецот Балдерсон нов член на Групата пријатели на Македонија во Конгресот на САД

Трој Балдерсон од Охајо, член на Републиканската партија, ѝ се придружи на двопартиската Група пријатели на Македонија во Конгресот на САД, соопшти Обединета македонска дијаспора (ОМД).

„Од првиот македонски амбасадор во САД, Љубица Ачевска, која порасна во Менсфилд, до изобилството мали бизниси во Централно Охајо во сопственост на Македонци, Македонија има богата историја со 12. Конгресен дистрикт. Како негов претставник, одушевен сум од приклучувањето на Македонско-американската конгресна група и од поддршката за односите на САД со оваа живописна заедница“, изјави Балдерсон, кој при изборот доби поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата