Зекири: Не ги сакам ДУИ во коалиција, тие се зло за Албанците

21.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зекири: Не ги сакам ДУИ во коалиција, тие се зло за Албанците

Во вчерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 гостуваше Мухамед Зекири, пратеник на СДСМ.

На прашање на водителот дали би коалицирале повторно со ДУИ, Мухамед Зеќири рече дека тој лично не ги сака ДУИ во коалиција и дека тие биле најлошото нешто што можело да им се случи на Албанците.

-Се случува во институции каде раководат функционери на ДУИ, челниците на ДУИ да вработуваат Македонци, само не Албанци од СДСМ, рече Зеќири.

На прашање дали поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски има се уште влијание во партијата, Зекири негираше.

- Како резултат на неговите лоши политики СДСМ ги губела изборите и дека денеска тој нема никакво влијание врз работата на СДСМ, рече Зекири.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата