Али Aхмети за рокадите во МВР – „Партиските рокади не му одат во прилог на партнерството“

21.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Али Aхмети за рокадите во МВР – „Партиските рокади не му одат во прилог на партнерството“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вели дека партиските рокади и политики во МВР не му одат во прилог на владиното партнерство. Според него, треба да се постават професионалци кои ќе ја работат својата работа.

Заменик министерот за внатрешни работи кој е од редовите на ДУИ, Агим Нухиу, негирал дека во органите на полицијата се прават рокади и партиски унапредувања. Истото го рече и потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири кој додаде дека Министерството не е париски штаб.

И покрај негирањата од двата коалициони партнери во Владата, внатрешни извори од МВР за ТВ21 наведоа два случаи за партиски рокади на вработени на високи позиции на граничниот премин Блаце и Табановце, за кои известувавме изминативе денови.

Овие рокади доаѓаат заедно со систематизацијата во МВР, а преку внатрешни конкурси се прават окади на неколку клучни позиции во полицијата, нешто што пред неколку дена, освен анонимните извори, ни го потврди и претседателот на независниот синдикат на полицијата.

Како што кажаа за ТВ21 внатрешните извори од полицијата, рокадите се прават со цел кога во јануари ќе се назначи технички министер од опозицијата, да нема можност да објавува конкурси. Ова, опозицискиот лидер, Мицкоски  го гледа како обид да се опструира техничкиот министер.

Од почетокот на следната година со МВР ќе раководи технички  министер кој ќе биде назначен од најголемата опозициска партија, така како што предвидува Пржинскиот договор. Според истиот, техничкиот министер ќе има право да смени до 15 раководители во полицијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата