Села: Функционери на ДУИ имаат приватни имоти во Драч, Албанија

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Села: Функционери на ДУИ имаат приватни имоти во Драч, Албанија

Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, смета Зијадин Села.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во своето гостување во емисијата “Pressing“ на косовската телевизија „Т7“, изјави дека за албанците ДУИ била полоша од македонските партии.

-Иако Заев не успеа да ги реализира своите ветувања, тој беше подобар од Груевски во некои политики, но ние уште ги бараме нашите права. Албанците ме прашуваат кои се полоши, СДСМ или ВМРО, јас им велам дека полоша од нив е ДУИ– изјави Села.

Меѓу другото, Села кажа дека крајно време е ДУИ да замине во опозиција. Села, исто така, рече дека поседува информации за функционери на ДУИ кои имаат приватни имоти во Драч, Албанија.

Според него овие имоти се стекнати на сомнителни начини и бара од албанската држава да ги истражи овиее наоди.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата