Почина Таска Балабанова

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина Таска Балабанова

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова. Со нејзиниот глас израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио. Таска Балабанова е родена во Велес.

Актерската кариерата ја започна во некогашниот Младинско- куклен театар, од којшто во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде работеше до пензионирањето како радио актер.

Таа го позајмуваше својот глас во бројни радио драми, во „Веселата емисија“, „Лирското интермецо“, култната серија „Хихирику“. Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата Штрумфови.

Играше стамени жени и дами во филмовите и тв сериите: „Средба“, „ Едно лето“, „ Илинден“. „Време на летала“, „Трето доба“, „Мугра“, „ Македонски народни приказни“ и „Време – живот“.

Ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.

Посмртните останки на Таска Балабанова ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Бутел, в петок во 10 и 30 часот, а погребот ќе биде извршен во 11 и 30 часот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата