Кирил Лазаров и Нант им се вратија на победите и во домашниот шампионат, откако на домашен терен без проблем го совладаа Истр со 29-26 (18-12) во меч од десетото коло. За тимот на капитенот на македонската репрезентација ова беше седма победа и со скор од три порази продолжува во трката за петото место на табелата.

Овој дуел беше решен уште во првото полувреме, Нант имаше позитива од шест гола (18-12), во продолжение лесно го приведе мечот.

Лазаров имаше само еден погодок од четири обиди, најефикасни беа Ниокас и Ривера со по шест погодоци.