(Видео) Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Босна и Херцеговина и на Малезија

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Босна и Херцеговина и на Малезија

Претседателот Стево Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Босна и Херцеговина и на Малезија во Република Северна Македонија.

Истакнувајќи дека Босна и Херцеговина и Северна Македонија се две пријателски земји кои ги поврзува заедничка визија за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет, претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на новоименуваниот амбасадор на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јаќимовиќ, нагласи дека евро-атлантските перспективи на двете земји се во насока на градење силен и стабилен регион.

Амбасадорот Јаќимовиќ изрази задоволство од досегашните одлични билатерални односи меѓу двете земји кои се карактеризираат без отворени прашања, што претставува основа за натамошно зацврстување на соработката во многу области од заеднички интерес, меѓу кои се издвојуваат економската соработка, проширувањето на правната рамка преку потпишување нови билатерални договори, како и унапредувањето на досегашната солидна меѓусебна поддршка.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Малезија во Република Северна Македонија, Чеонг Лун Лаи, претседателот Пендаровски ги истакна заедничките заложби на двете земји за негување  успешни и пријателски односи, како и за интензивирање на билатералната соработка во повеќе области од заемен интерес. Во таа насока, претседателот Пендаровски го изрази интересот за унапредување и фокусирање на развојот на соработката во областа на економијата, јакнење на трговската размена и зголемување на интересот кај малезиските компании и инвеститори за поголемо и директно присуство во нашата држава.

Амбасадорот Лаи нагласи дека Малезија и Северна Македонија се пријателски земји со позитивен и постојан напредок на економските сектори придавајќи големо значење за понатамошно збогатување на севкупните билатерални односи, oсобено во областа на прехранбената индустрија, туризмот и културната размена со цел поголем економски просперитет за народите на двете земји.

Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Почитувани,

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата