Седмо издание на детскиот фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седмо издание на детскиот фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“

Седмиот меѓународен детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи во периодот од 25-27 ноември во просториите на Младинскиот културен центар (сцена Фросина), во организација на театарот „Сенки и облаци”.

Во програмата на годинешното издание се најавени претстави од Шпанија, Бразил и Македонија, анимација од Германија, работилници, инсталации и неколку изненадувања, информираат организаторите. Детали за програмата се објавени на фејсбук-настанот на фестивалот.

Билетите се во продажба на билетарницата на МКЦ по цена од 150 денари, како и онлајн на следнов линк.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата