(Видео) Жена втрча во огнот за да спаси коала од шумски пожар во Австралија

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Жена втрча во огнот за да спаси коала од шумски пожар во Австралија

Шумски пожари веќе со недели беснеат во Австралија. Најмалку шест лица загинаа, а во најголема опасност се животните во шумите кои се во пламен.

Најмалку 350 коали настрадаа, а штетата допрва ќе се санира откако ќе се изгасне пожарот.

Социјалните медиуми се преплавени со снимки и фотографии од состојбата во оваа земја. Пожарите најмогу беснеат во спјузната држава Нов Јужен Велс, а таму беше забележана и една неверојатна снимка од спасување на коала.

Поточно, жена забележала како животно се бори да избега од огнената стихија. Таа го соблекла горниот дел од облеката и со неа ја завиткала коалата, која имала видливи изгореници.

Коала во моментов е болница, во тешка состојба.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата