Српски мафијаш си го пресече вратот за време на судењето

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Српски мафијаш си го пресече вратот за време на судењето

За време на судењето на Валевската група пред Специјалниот суд во Белград, обвинетиот Зоран Јеличиќ си го пресече вратот пред сите во судницата.

Според „Курир“, Јеличиќ се јавил за збор, излегол на судската говорница и со зборовите „Сега ќе се убијам себеси пред сите“, извадил остар предмет од џебот и си го пресекол вратот.

По инцидентот, повредениот бил пренесен во ВМА, каде што му била укажана медицинска помош.

Според РТС, во прашање се површински повреди.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата