Дефанзивецот Дарко Велковски кој секогаш знае да одигра паметен потег кога е најтешко, по мечот изјави:

„За нас реален пласман е тоа трето место. Можевме да бидеме и четврти, можевме и втори, но сепак Австрија за нијанса е подобра од нас. Ова е прв циклус една иста екипа да игра заедно. Сега сите мисли се насочени кон Косово. За крај ако се направи анализа тогаш да кажеме дека овде во Скопје, освен Австрија никој не не надигра. Не сме далеку од сите, во иднина ќе бидеме уште подобри“.