Иако нема да игра вечерва за Македонија, познато е дека е повреден, Стефан Спировски е интересен за медиумите од Израел. Тој денеска даде едно поголемо интервју за one.co.il порталот. Велиме интересен зошто Спировски веќе два месеци е фудбалер на Хапоел Тел Авив.

Најпрво се осврна на Лигата и квалитетот нејзин во Израел, по потоа со респект говореше за репрезентативците на таа земја.

„Има многу квалитетни играчи,со дел од нив играм во Лигата во Израел, но факт е дека ваши најдобри играчи се Захави и Дабур. И двајцата се напаѓачи, и двајцата од секоја ситуација знаат да постигнат гол“.

За својата репрезентација тој истакна…

„Сакаме да завршиме како трети во групата, но исто така сакаме преку Лигата на Нации да се пласираме на ЕП. Ова за нас е голема шанса. Полуфиналето ќе го играме дома, и се може да се случи. Мораме да ја искористиме оваа шанса. Сакам да додадам дека на вашата репрезентација и треба поголема поддршка. Забележав дека по тие 1:1 против нашата репрезентација има големо разочарување“ заврши Спировски.