Канје Вест најави дека се свртува кон операта

19.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канје Вест најави дека се свртува кон операта

Американскиот рапер Канје Вест објави дека својот музички репертоар го проширува со операта и дека неговата следна продукција ќе се вика „Набукодоносор“, а ќе биде изведена во Лос Анџелес на 24 ноември.

Вест најави оперска продукција во текот на викендот во која ќе настапи госпел хорот „Sunday Service“, со кој пејачот годинава изведе бројни духовни христијански песни.

Операта, која ќе се изведе во калифорниската сала „Холивуд боул“, е во режија на италијанската концептуална уметница Ванеса Бекрофт, порано десна рака на Вест која работеше со него на модниот бренд Yeezy.

Канје најде инспирација за името на операта во вавилонскиот крал Набукодоносор Втори, кого неодамна го спореди во едно интервју, споменувајќи дека антички крал како него страдал од биполарно растројство.

„На Набукодоносор му беше дијагностицирано биполарно растројство, но тоа не го спречи да стане крал“, изјави американскиот рапер, кој неодамна се прогласи за најголем современ уметник.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата