Легендата на Манчестер Сити, Мика Ричардс во интервју за ББЦ раскажа за казните во клубот и за тоа дека еден од најинтересните фудбалски ликови Марио Балотели, бил и играч кој најмногу плаќал пенали.

Капитенот Винсент Компани бил задолжен за казните додека Ричардс бил негов заменик.

„Се беше по план. Добро трениравме, добро игравме, но Марио секогаш доцнеше на тренинзи. Имавме ценовник според кој ги плаќавме казните и на крајот од секоја година тие пари ги дониравме во добротворни цели. Околу Божиќ веќе имавме 150 илјади фунти и сето тоа беа пари од Балотели“, изјави Ричардс.