Нема тајна дека големото засилување на Барселона летово Антоан Гризман не може да се пронајде во редовите на каталонскиот гигант особено поради фактот дека е во сенка на Меси.

Французинот кој на Ноу Камп дојде до Атлетико Мадрид за 120 милиони евра на 15 натпревари има постигнато само четири гола и три асистенции.

Според пишувањата на шпанските медиуми Гризман е несреќен и незадоволен во Барселона и по само неколку месеци веќе размислува за заминување. И тоа во ПСЖ.

Францускиот првак го сакаше Гризман летово, но тој се одлучи за Барса, каде не може да се носи со огромниот притисок и критиките околу неговата игра во тимот.