По година дена надвор од теренот, Кармело Ентони најверојатно вечерва ќе дебитира за Портланд, клубот, кој пред четири дена го потврди неговиот ангажман.

Десеткратниот НБА ол-стар играч и поранешен најдобар стрелец во најсилната лига на светот објави видео со кое објасни како „паднал“ договорот со Портланд и тоа како нивниот повик му ја спасил кариерата.

„Секогаш го држев Портланд на око. Претходно немаше простор, но сега ситуацијата е совршена. Многупати со Лилард сме разговарале и мислам дека можам многу да и помогнам на екипата, но и дека може да функционираме само ако сите страни имаат ист поглед на работите…

Се тргнав од кошарката за да си го зачувам умот, но кога до добив повикот од Портланд се ми се врати… Се се договоривме за 48 часа“ – објаснува кошаркарот.

Блејзерс ќе биде петиот тим во неговата кариера, откако претходно настапуваше за Денвер, Њујорк, Оклахома и Хјустон.