Др*га, пијанство во тек на емисија и лаги поради познатите: Огњен Амиџиќ изнел најголема интима, се препотувал додека зборувал

19.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Др*га, пијанство во тек на емисија и лаги поради познатите: Огњен Амиџиќ изнел најголема интима, се препотувал додека зборувал

Огњен Амиџиќ се согласил на полиграф и одговорил на неколку прашања кои сите ги интересира. Водителот изнел детали од приватниот живот, но и анегдоти од работа.

Дали е вистина дека сте сакале да го оперирате носот?

- Никогаш. Иако ми препорачуваа поради девијација која ја имам од здравствени причини. Можеби тоа ќе го направам, но мене чудно би би било да изгледам поинаку.

- Дали некогаш пијан сте воделе емисија?

- Да. Јас сакам да се напијам нешто пред емисија, сакаат и гостите. Мислам дека тоа е здрав начин да се опуштиме, бидејќи одиме во живо. Под таков адреналин алкохолот испарува. Но никогаш не се пие повеќе од едена до две чашки. Нема шанса. Освен еднаш, кога емисијата ми одеша на моја слава. Беа пеачи, Нада Топчагиќ водеше оро, сите донесоа пијалок, се напивме и ние, публиката, камерманите. Сите беа пијани - ја прераскажувал анегдотатата водителот, откако призна за таа анегдота, а полиграфот одговорот го препознал како вистински.

Дали често ги гледате машките коментари за вашата сопруга?

- Не Овој одговор не бил вистински, па потоа Огњен објаснил - Добро, да. Морам да следам и гледам дали тука нешто се случува, дали одговара. Освен ако не ги брише, кога ќе се вратам дома.

- Дали некогаш сте пробале др*га?

- Никогаш не сум пробал др*га, освен марихуана на факултет. Никогаш тешки др*ги, но поради тоа што екипата со која студирав, конзумираше марихуана, тогаш ми беше сеедно кога седам со нив во соба и дали пасивно или активно се надував.

- Дали ги лажете гледачите за да ги заштитете јавните личности? 

- Не. Добро, да. Се трудам да не лажам, но постои ситуација каде што не ја кажувам целата вистина, ако сметам дека е претерано оцрнет. Тоа се само бели лаги.

Дали е вистина дека стравувате од тоа Даниела да ве остави?

- Мислам дека не стравувам, затоа што таа е посебна личност во која имам неограничена доверба, но ако тоа го направи, веројатно ќе има добра причина тоа да го стори.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата