Курти: Вучиќ прво би сакал да го подели Косово, а потоа и БиХ

17.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Курти: Вучиќ прво би сакал да го подели Косово, а потоа и БиХ

Кандидатот за премиер на Косово, Албин Курти изјави дека во овој момент не е потребно да се забрзаат разговорите меѓу Белград и Приштина.Тој во интервју за весникот „Победа“ рече дека наместо тоа, приоритет треба да биде да се разговара за тоа што е постигнато во досегашните преговори и што претстои понатака.

Курти исто така ја отфрли идејата за размена на територии, бидејќи „зад неа стои идејата на српскиот претседател Александар Вучиќ да го подели Косово, а подоцна, преку разграничувањето со Хрватите, да ја подели и Босна и Херцеговина“.
        
„Сето тоа оди во прилог на Русија“, додаде тој.
        
Курти предупреди дека не може да се локализира нов конфликт меѓу Косово и Србија, особено затоа што „Албанците делуваат како нација против Србија, а не како кревка држава Косово“.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата