Калеска Ванчева: Социјалдемократките имаат визија за еднакво учество на жените во политиката

17.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Калеска Ванчева: Социјалдемократките имаат визија за еднакво учество на жените во политиката

Сакаме општество во кое рамноправно, без дискриминација ќе ги керираме сите политики, рече во своето обраќање на свеченоста по повод 20-годишнината на форумот, претседателката на Форум на жени на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева.

Таа се осврна на почетоците на Форумот на жени на СДСМ, кој, како што кажа, се изродил од женските клубови на партијата уште во 1999 година, а прераснал во моќен двигател на општествените промени.

„За овие 20 години постигнавме многу, но патот не беше лесен. Денеска говориме за законска регулатива која овозможува најмалку 40% застапеност на жените во законодавната и локалната власт, но и за 40% па и 50% застапеност на жените во сите партиски структури“, рече Калеска Ванчева на свеченоста под мотото „20 години чекориме по патот на еднаквоста“.

Во говорот таа нагласи дека во претходните години кога во земјата почнале да се уназадуваат правата на жените, Клубот на жени на СДСМ бил предводник на борбата за унапредување на положбата.

„Застанавме во одбрана на правото на жената да одлучува за своето потомство и за своето тело. Тоа го исправивме кога дојдовме на власт. Сепак, секојдневно мораме да се браниме од различна прорагнада, во која првично се суди на изгледот на жената, а потоа на суштината“, предупреди Калеска Ванчева.

На свеченоста, благодарници за заложбите за родова еднаковст, Форумот на жени им додели на Јованка Тренчевска, Елеонора Петрова, Цветанка Иванова и Цветанка Ласкова.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата