Ременски со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Многу бргу ќе ги боли глава од документите одземени од кај мене!

17.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ременски со порака до ВМРО-ДПМНЕ: Многу бргу ќе ги боли глава од документите одземени од кај мене!

Откако порталот МКД објави дека во домот на пратеничката Фросина Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски биле пронајдени доверливи документи, при претресот за истрагата на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, со реакција се јавија и од ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму прашуваат дали Ременски од УБК изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури.

Доколку со таква леснотија се изнесуваат документи од МВР, дали како држава треба да стравуваме дека и други лица поседуваат класифицирани документи во своите домови и ги користат за приватни работи и уцени!?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

На партиската реакција пак на Фејсбук одговори пратеничката Ременски:

Читам, портпаролот на ДПМНЕ многу нервозен денес на прес-конференција влегол во филм за некакви уцени со класифицирани информации поведен од “веста” од вчера и не знам по кој пат го спомнува Јовче Ременски.
Да му порачам и нему и на сите заинтересирани дека, од тие “класифицирани” документи одземени од мене – Фросина Ременски многу бргу ќе ги боли глава. И нека не се залажуваат дека, Ременски работат како нивните суфлери “безбедњаци”, на пазарења, помилувања, креирање инсинуации, прикаски, и воопшто не се занимаваат со партиски фрустрации на спикери и полтрони. А прашањето од пресот дали на ОЈО и на МВР им е потребен дополнителен медиумски притисок, само покажува како знаеле и како знаат. Се надевам ќе има прес и медиумски притисок кога ќе дознаат за мистериозните документи – напиша Ременски на Фејсбук.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата