Делчевски ловџии се пофалија со „капиталец“ тежок 155 килограми

17.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Делчевски ловџии се пофалија со „капиталец“ тежок 155 килограми

Неделниот ден кој е омилен за оние кои се занимаваат со лов, на делчевските ловџии им донесе улов тежок 155 килограми. Уловот за кој долго ќе се зборува во ловџиските кругови во Делчевско е дело на група ловџии од село Град, кои информираа дека „капиталецот“ е уловен во планинските предели помеѓу селата Град и Вирче.

– Дивата свиња е уловена во раните утрински часови. Ова утро како и секоја недела за време на ловната сезона, нашата група се подготви за лов и како таргет денес ни беше подрачјето над селата
Град и Вирче. Имавме некои индиции дека таму деновиве се забележани поголем број диви свињи. За среќа, така и испадна, при што успеавме да уловиме еден од поголемите улови оваа година, велат ловџиите.

Бидејки е доста голем уловот, како што додаваат ловџиите, било тешко истиот да се транспортира до селото, каде веќе прави и мала гозба.

– По ловот се знаат правилата како се дели пленот, но сепак нормално е при ваков улов да има и мала веселба, па тука се раскажуваат и приказни кој бил главен што капиталецот е уловен и така,
додаваат ловџиите од делчевското село Град.

Сезоната на крупен дивеч во делчевскиот регион, се одвива на пет ловишта, Влаина, Голак, Бигла, Киселица и Тработивиште. Од штетниот дивеч дозволен е отстрел на волк и лисица, додека отстрелот
на дива свиња, зајак и еребица е пропишан согласно ловностопанските основи за секое ловиште поединечно. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата