Денес е голем празник еве што не треба да правите

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Денес е голем празник еве што не треба да правите

Денеска е Пренесувањето на моштите на св. великомаченик Георгиј од Никомидија во Лида Палестинска. Овој празник поврзан со името на свети Георгиј Победоносец му припаѓа на есенскиот циклус празници и е поврзан со домашни служби. Овој празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на овој голем светител.

Празникот Св. Георгиј-Ѓурѓиц е поврзан со името на Светиот великомаченик Георгиј-Победоносец чиј главен празник е на 6 мај според новиот (односно на 23 април според стариот) календар. Иако празникот Ѓурѓовден е голем пролетен празник, поврзан и со будењето на природата, во овој период на годината нема празници поврзани со домашни служби. Поради тоа во есенскиот дел од годината кога има повеќе вакви празници, има и два празника поврзани со името на Св. Георгиј-Победоносец, кога, исто така, се одржуваат домашни служби. Овој празник е поврзан со обновувањето храмот на Св. Георгиј и е познат под името Ѓурѓиц.

Постои верување дека денес ништо не смее да се изнесува од дома бидејќи во спротивно цела година ќе имате расходи без приходи. Народното верување, исто така, вели дека денес не смее ниту да се преде волна, ниту да се пере. Жените не би требало да везат ниту да работат какви било рачни работи. Исто така забрането е и да се ловат волци, затоа што во спротивно ловџиите ќе ги следи малер цела година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата