Петмина загинати во судирите во Боливија

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Петмина загинати во судирите во Боливија

Безбедносните сили во Боливија отворија оган кон приврзаниците на поранешниот претседател Ево Моралес, при што загинаа најмалку пет лица, а повредени десетина. Повеќето од загинатите и повредените во градот Сакаби се здобиле со прострелни рани.

Демонстрантите соопштија дека полицијата пукала кога насобраните граѓани се обиделе да пробијат контролен пункт. Моралес, кој се наоѓа во Мексико каде доби азил откако поднесе оставка како претседател на Боливија, на Твитер напиша дека се случил масакр.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата