ХОРОР: Пронајдено мртво тело без глава кај Лесковац

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ХОРОР: Пронајдено мртво тело без глава кај Лесковац

Мртво тело на маж кое било без глава е пронајдено во Србија во близина на Лесковац, а ја потресе српската јавност и цел регион. Се работи за 41-годишен архитект од Белград кој бил пронајден обезглавен, со главата покрај телото во распаѓање, а според неофицијални податоци, најверојатно се обесил во август по кавга со својата сопруга, но мештаните не веруваат во тоа. Телото било во непристапен терен и скапувало со месеци.

Тој исчезнал на 18. август годинава кога се враќал со сопругата од Грција, по кавга со неа. Тој побарал од неа сама да продолжи со возилото, а тој да размисли малку сам за се. По два месеци мештанин го пронашол на врвот на брдо, без глава.

– Отидов на брдото да ја проверам водоводната цевка, а наидов на хорор слика. Видов распаднат леш, главата беше одвоена од телото. Се чувствуваше силна миризба. веднаш викнав полиција, вели мештанинот кој го нашол телото на архитектот.

Неговите пријатели и соседи не веруваат дека се самоубил, велат за тоа ќе избеел полесен начин.

Бараат детална истрага на случајот. Полицијата не го соопштува името на архитектот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата