Се огласил Вулин по повод состојбата на Вучиќ! Во едно е сигурен

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласил Вулин по повод состојбата на Вучиќ! Во едно е сигурен

Министерот за одбрана на Србија Александар Вулин изјавил денеска дека здравствена состојба на претседателот Александар Вучиќ, кој вчера е примен на Военомедицинската академија во Белград, ќе биде се во ред

“Сигурен сум дека ќе биде се во ред затоа што Александар Вучиќ е јак и тврдоглав, не затоа што ги слуша лекарите“, рекол Вулин.

На прашањето за здравствената состојба на претседателот на Србија, Вулин рекол дека Вучиќ е храбар и силен човек, но и дека не води сметка за своето здравје и дека лекарите, како што вели можат да му пријдат само на прослави и официјални случувања.

“Многу работи, малку спие и малку се одмора. Сите ние кои соработуваме со него и кои сме негови пријатели, а пред се неговото семејство, би сакала Вучиќ да води малку повеќе сметка за неговото здравје, но тој едноставно е тврдоглав човек“, рекол Вулин.

Додал дека Вучиќ се однесува како секој граѓанин и дека поради него не е свикан лекарски конзилиум нити на ВМА се прави лекарски тим за негоо лекување.

“Вучиќ бара помош само кога мора, но побрзо, отколку што еден лекар би му советувал, ќе се врати на работа“, рекол Вулин

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата